(Видео) „Ова е вистински шок, возилото беше уредно паркирано, а кога се вративме го затекнавме тотално уништено“ – оштетените граѓани од Битола бараат начин да бидат обештетени!

t

На паркингот зад зградата ЈАТ во Битола денеска се сруши дел од ѕид, при што беа оштетени неколку паркирани возила. На местото на настанот веднаш интервенираше полицијата, која изврши увид, додека локалните жители изразија вознемиреност поради инцидентот.

Причините за урнатиот ѕид и застанатите штети се во моментов предмет на истрага.

Еден од оштетените, Андреј Терзиевски, изјави дека неговото возило е сериозно оштетено.

„Падна дел од ѕидот врз нашето возило. Полицијата направи записник, а колата практично не може да се поправи. Ќе преземеме правни мерки“, рече Терзиевски.

Слично искуство имаше и Елеонора Терзиевска, која нагласи дека целосно го загубила својот автомобил.

„Ова е вистински шок. Возилото беше уредно паркирано, а кога се вративме го затекнавме тотално уништено. Не е во ред, и треба да се најде начин да се обештети“, истакна Терзиевска.

Надлежните институции најавуваат дека по завршувањето на истрагата ќе бидат преземени сите потребни мерки за утврдување одговорност и обештетување на сопствениците на оштетените возила.

Извор: 4њуз

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Ова е вистински шок, возилото беше…

На паркингот зад зградата ЈАТ во Битола…

Почина Тихомир Јанчовски, поет, писател и преведувач

Почина Тихомир Јанчовски, поет, писател и преведувач.…

Апелација ја поништи пресудата против портпаролката на…

По речиси пет години судска постапка, Апелациониот…

Во недела снег и на пониските места

Продолжува периодот на променливо облачно време со…

Наместо кисели краставички, магацин полн со марихуана:…

Полицијата во Србија вчера заплени пет тони…