Апелација ја поништи пресудата против портпаролката на Владата, Марија Митева
По речиси пет години судска постапка, Апелациониот суд во Скопје донесе одлука со која ја уважи жалбата и ја поништи пресудата со која портпаролката на Владата, Марија Митева, беше осудена по тужба за навреда и клевета поднесена од Дарко Каевски, тогашен пратеник на СДСМ. Со оваа одлука, судскиот процес е ставен крај.
Во својата јавна реакција, Митева посочи дека иако за дел од јавноста случајот можеби веќе е заборавен, за неа тој претставувал суштинско прашање поврзано со правдата и слободата на говор. Таа нагласи дека во периодот кога СДСМ јавно се залагале за слобода на изразување, во практика, како што вели, се правеле обиди таа да биде ограничена преку правни конструкции и судски тужби.
Според Митева, наместо аргументи биле користени конструкции, наместо одговори – тужби, а наместо отчетност – обиди за замолчување, додавајќи дека ваквиот пристап, според неа, не е напуштен ниту денес.
Таа истакна дека додека била во опозиција, внимавала на секој свој јавен настап, водејќи сметка што говори, зошто го говори и со каква цел, нагласувајќи дека нејзините изјави биле засновани на факти и внимателно одмерени аргументи. Според неа, одлуката на Апелациониот суд е потсетник дека правдата во Македонија често доаѓа бавно, но дека правото не смее да се користи како средство за притисок, туку како механизам за заштита на основните слободи.
„Борбата за слободен и одговорен јавен говор не смее да престане“, порача Митева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Косово: 26-годишен маж ја убил…
Дваесет и петгодишната Јетлира Фониќи, која била…
Исланд гласа за враќање на преговорите со…
Исланд ќе гласа за тоа дали да…
Малолетник нападнат во Куманово
Четириест и тригодишна кумановка вчера пријавила дека…
Само четири дена се почитувал договорот за…
Само четири дена се почитувале договорените откупни…
Драма на аеродромот во Диселдорф: Најотровна скорпија…
Патничка на возраст од 52 години била…