(Видео) Од друг агол – Стоилковски до Каевски: Голтар влезе во политика на сметка стави 4 милиони, и станови купени во кеш

t

Нервозата во СДСМ расте. Со секое ново мерење на рејтингот знаат дека се повеќе тонат. А тонат заради криминал и корупција коишто носат се поголема сиромаштија во Македонија.

Ќе се послужиме со нивниот речник „Голтарите“ од СДСМ, а коишто за пет години станаа милионери, се нервозни и се засегнати затоа што знаат дека немаат никаква доверба ниту почит кај народот.

Народот гледа како Дарко Каевски бега од одговор како тоа од „голтар“ на 30 години има банкарска сметка со четири милиони, додека луѓе во продавниците се тепаат за производи.

Народот гледа како Дарко Каевски го испрати својот шура, брат на сопругата за конзул во САД.

Народот гледа како семејството на Дарко Каевски се збогатило со пропаста на Еуростандард банка, додека луѓе се оставија без своите заштеди.

Народот гледа како милениците на Зоран Заев, „Тито“ според Дарко Каевски, енормно се богатат, додека државата ја заглавија во долгови, а спиралата на скапотија им го изеде животот.

Народот гледа што се случува, а во СДСМ расте нервозата.

Народот гледа како се тргува со закони, за да не плаќаат ниту паркинг во Скопје.

Затоа држат пресови во коишто безнадежно лажат дека Македонија блеска, дека државните резерви се полни, а тие го штителе стандардот.

Затоа СДСМ бегаат од избори, затоа што знаат дека ќе завршат пред лицето на правдата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицијата во Дагестан испука предупредувачки истрели…

Полицијата во руската република Дагестан денеска испука…

Директорот на Фајзер се зарази со коронавирус…

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла (60)…

ФФМ повика на поддршка и апелира на…

„Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и…

(Видео) Русите го одиграа првиот натпревар по…

Руската фудбалска репрезентација е исклучена од сите…

Африканската свинска чума се заканува да збрише…

Африканската свинска чума се заканува да збрише…