(Видео) Оштетен највисокиот облакодер во Ријад по ракетен напад на Хутите
Кулата на саудискиот Фонд за јавни инвестиции (ПИФ), највисоката зграда во Ријад, беше оштетена рано утрово при ракетен напад врз саудиската престолнина. Според Ројтерс, прозорците на седум до осум ката се искршени, а делови од металната фасада се деформирани. Во првите извештаи немаше информации за загинати или повредени.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти дека противвоздушната одбрана реагирала на ракета што јеменските Хути ја истрелале кон Ријад. Според првичната проценка на коалицијата, паднале остатоци од ракетата и била пријавена материјална штета. Три извори запознаени со случајот за Ројтерс изјавиле дека ракетата ја погодила зградата. Коалицијата не прецизираше дали штетата на кулата е од директен удар или од паднати остатоци. Хутите засега не се огласија за нападот.
По нападот беа затворени влезовите во финансискиот кварт „Крал Абдула“, каде што се наоѓа седиштето на саудискиот државен инвестициски фонд. Луѓето беа евакуирани, а на терен пристигнаа амбулантни и противпожарни возила. Ова е втор напад во помалку од две недели при кој е оштетена зграда во истиот кварт. На 8 ноември беше оштетен објект на саудиската нафтена компанија „Арамко“.
Нападот доаѓа во време на засилени судири меѓу Саудиска Арабија и Хутите, кои имаат поддршка од Иран. Јеменската агенција Саба, под контрола на Хутите, објави дека саудиски авиони рано утрово извршиле воздушни напади врз Сана, главниот град на Јемен.
Footage circulating reportedly showing the moment a projectile struck the PIF Tower in Riyadh. https://t.co/A6eh2NEbaw
— MenchOsint (@MenchOsint) November 19, 2026
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Оштетен највисокиот облакодер во Ријад по…
Кулата на саудискиот Фонд за јавни инвестиции…
МАЛОЛЕТНО ДЕВОЈЧЕ НАПАДНАТО СО ТВРД ПРЕДМЕТ –…
На 18.11.2026 во 22:20 часот во СВР…
САД повикаа на зголемена претпазливост по иранските…
Американската амбасада во Кувајт ги повика американските…
Вучиќ: Ќе поднесам оставка, бидејќи ми сте…
Александар Вучиќ во српскиот парламент бурно реагираше…
Малолетничка нападната од две врснички во Кавадарци,…
Две малолетнички нападнале трета во Кавадарци, едната…