(Видео) Партии со етнички предзнак треба да бидат забранети: Потребна е една изборна единица за да се прикаже правилно волјата на граѓаните

t

ОБСЕ во критиката на изборниот систем прво што кажува е дека ваков изборен модел и ваква поделба на локалната смаоуправа не е добар и треба да се смени во една изборна единица бидејќи не ги претставува интересите на граѓаните, вели во денешната епизода на Тешки муабети членот на Президиумот на Левица, Реџеп Исмаил.

– Таму сите претставници на партиите се сложуваат со тоа, ама кога ќе дојде ред да се гласа тоа во Собрание велат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се вадат со ДУИ, ДУИ велат дека се нарушува етничкиот баланс и треба помалите партии да се борат ама не им се напушта конформизмот.

Тие партии треба да ја условуваат Владата со една изборна единица.

Во Левица има став дека треба со Закон да се забранат партиите со етнички предзнак, вели Исмаил.

– Со една изборна единица не губат албанските гласачи, туку ќе изгуби ДУИ. Многу често се манипулира со тоа ама тие денеска исто губат пратеник во трета изборна единица заради Донтовиот модел каде има гласачи Албанци, не значи ни дека сите Албанци ќе гласаат за Албанец, дека сите Македонци ќе гласаат Македонец, додава Александар Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…

Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…

Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…

Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…

Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…