(Видео) Пожртвуваноста на прилепските пожарникари спаси црква во Долненско
Три пожари на стрништа и сува трева избувнаа во текот на 8 август во прилепскиот регион, при што во еден од нив беше сериозно загрозена црква во село Пешталево.
Во 14:32 часот било пријавено дека гори стрниште и сува трева во село Сарандиво. На терен интервенирала екипа од Територијалната противпожарна единица – Прилеп со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.
Во текот на истиот ден пожари избувнале и во селата Браилово и Пешталево. Особено критична била ситуацијата во Пешталево, каде што огнот се приближил до црквата и претставувал сериозна опасност за објектот.
Благодарение на брзата и пожртвувана интервенција на прилепските пожарникари, пожарот бил локализиран и изгаснат, со што црквата била заштитена од огнената стихија.
Во гаснењето на пожарите во Браилово и Пешталево биле ангажирани две противпожарни возила и пет пожарникари од ТППЕ Прилеп.
Од ТППЕ Прилеп упатуваат и голема благодарност до мештаните на село Пешталево, кои помогнале во гаснењето на пожарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пожртвуваноста на прилепските пожарникари спаси црква…
Три пожари на стрништа и сува трева…
СДСМ: Погрешено македонското знаме на прославата за…
На официјална државна прослава за 35 години…
Трамп: Не придаваме преголемо значење на повторното…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја минимизира важноста…
Подгответе се за гужви – Почнуваат градежни…
Град Скопје ги известува граѓаните на наслеба…
Уште денови со пеколни горештини: Живата на…
Денеска ќе преовладува сончево и многу топло…