Трамп: Не придаваме преголемо значење на повторното отворање на Ормутскиот теснец
Американскиот претседател Доналд Трамп ја минимизира важноста на повторното отворање на Ормутскиот теснец, додека дипломатски договор со Иран сè уште нема, објави американскиот портал „Аксиос“.
– Не придаваме преголемо значење, го цитира „Аксиос“ Трамп, кој тоа го изјавил во телефонски разговор за порталот. Трамп истакна дека САД нема целосно да се посветат на преговорите со Иран.
– Со нив преговараме само делумно. Само го набљудуваме Иран со неговата огромна инфлација и фактот дека нема пари – изјави Трамп за „Аксиос“, тврдејќи дека американската поморска блокада на иранските пристаништа ја влошила ситуацијата.
– Сè ќе се реши. Секогаш се решава. Тоа е како шаховска партија – изјави Трамп за преговорите со Иран.
„Аксиос“ пренесува и изјави на американски официјални лица кои тврдат дека претседателот е фокусиран на деескалација.
Израелскиот експерт за Иран, Дени Цитринович, на социјалната мрежа Икс напиша дека економската состојба во Иран несомнено е лоша, но дека е малку веројатно економскиот притисок сам по себе да го принуди Техеран да капитулира на преговарачката маса или да се откаже од клучните стратешки интереси, како што е барањето за контрола над Ормутскиот теснец.
Иран во последните денови ги намали очекувањата за брзо повторно отворање на клучниот поморски пат. Иранското раководство побара од САД значителни отстапки однапред пред деблокирањето на теснецот, кој е од клучно значење за меѓународната трговија со нафта и гас.
Иранскиот Врховен совет за национална безбедност повторното отворање на теснецот го поврза со неколку услови, меѓу кои укинување на американската поморска блокада, повлекување на американските сили од регионот, целосно укинување на сите санкции против Иран и безусловно ослободување на целиот замрзнат ирански имот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затвореник почина од струен удар во Идризово
На 29 август 2026 година во 14:43…
(Видео) Најмалку шестмина загинати при превртување на…
Најмалку шест лица загинаа, кога ферибот со…
Неексплодирана бомба пронајдена во Охридското Езеро, во…
На 28.08.2026 во 15.33 часот, во СВР…
Се запали автомобил среде улица кај Мавровка
Автомобил се запали на улицата кај Мавровка,…
Несреќа во кочанско: Возела тригодишно дете на…
Дваесет и осумгодишна жена од кочанското село…