(Видео) По долги најави, Вучиќ навистина излезе од фрижидер
Шефот на Српската напредна партија (СНС) и претседател на Србија, Александар Вучиќ, ја продолжува својата серија предизборни видеа. Последниот спот наречен „Фрижидер“ е најинтересното досега видено на српската политичка сцена.
Видеото започнува со трудница и нејзиниот сопруг кои го гледаат Вучиќ на телевизија.
„О, еве го пак“, вели сопругот.
„Навистина. Само уште што не излегува од фрижидер“, коментира трудницата која ја отвора вратата од фрижидерот од која излегува Вучиќ.
„Извинете. Но, важно ми е да допрам до секој граѓанин на Србија. Останува уште многу да се направи, ни требаат повеќе патишта, повеќе железници, фабрики. Ако не се лажам, добивте и субвенција за решавање на станбеното прашање. Па, кога сите во Србија ги имаат можностите што ги имате денес, нема да ме гледате толку многу. Се трудиме тоа да се случи што е можно поскоро. Дотогаш, запомнете, ако останеме обединети со тие цели пред нас, единствената граница се нашите соништа“, одговара Вучиќ и се враќа во фрижидерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев прогнозира дека мафијашките убиства низ Бугарија…
Бугарскиот премиер Румен Радев смета дека убиствата…
До 12 часот во Србија гласале 34,55…
До 12 часот гласале 34,55 отсто од…
Малолетник (15) од тетовско Боговиње е ранет…
МВР информира дека вчера попладне во 14:10…
Рама најави построги казни за протестите во…
Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…
БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…
Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…