Објавено на:

(Видео) Претходната градска администрација на Шилегов бетонирала околу 900 дрвја

t

Градоначалничната на Град Скопје, Данела Арсовска, во денешната епизода на “Наше Скопје” истакна дека претходната градска администрација бетонирала околу 900 дрвја, според податоците кои ги има Градот.

“Она што го гледаме од регистарот се работи за околу 900 дрвја. Тие 16 дрвја за кои се реагира беа пресадени од “Васко Каранѓелески” на друга локација во близина. Исечени се само дриви дрвја кои пречат. Ние таму спасивме еден голем дрворед, го адаприравме целиот проект за да нема сечење на дрвјата таму. Тоа е проект започнат од претходното раководство на Градот но јас сметам дека таа улица мора да се среди. Граѓаните реагираа со петиции и барања да не се сече тој дрворед и решението кое го најдовме е најдоброто можно решение, ќе биде отстрането само едно дрво но тоа ќе биде рачно извадено и пресадено.” – објасни Арсовска.

Линк од емисијата во живо: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=602393627942591&notif_id=1651516690060343&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен крадец: Преку балкони влегувал во станови…

Денеска (22.07.2024) од страна на полициски службеници…

Засилено полициско присуство во Скопје

Во текот на изминатата вечер (19/20.07.2024) во…

Повеќе од 12 часа делови од Скопје…

Повеќе од 12 часа делови од Скопје,…

Три каснувања од кучиња скитници во Скопје…

Три каснувања од кучиња скитници се пријавени…