(Видео) Приведени четворица мажи по масовна тепачка пред полициската станица во Кочани
Од МВР информираат дека се приведени четири лица по нарушување на јавниот ред и мир во Кочани.
-Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В.(22), Ј.В.(19) и М.В.(47), сите од Кочани, како и И.А.(46) од село Баница, струмичко.
Лицата биле приведени затоа што по претходна расправија на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале шест лица.
По преземените мерки и целосно документирање на настанот, против лицата биле поднесени соодветни поднесоци. За целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности и евентуални пропусти при постапувањето, ќе бидат вклучени Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Одделот за униформирана полиција, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…
Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…
Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…
На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…
Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…
Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…