(Видео) Продолжува хистеријата: Молотов коктел за руско претставништво во Париз
Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека синоќа било нападнато претставништвото на руската федерална агенција Росотрудничество во Париз и тоа го нарече екстремистички чин.
„Бараме од француските власти да обезбедат сигурна безбедност на нашите официјални институции“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Како што објасни таа, ноќта меѓу 6 и 7 март бил извршен напад на канцеларијата на Росотрудничество во Париз – бил фрлен молотов коктел. Сепак, како што вели, нема повредени.
Според неа, руските мисии на територијата на Украина биле редовно изложени на такви напади пред 2022 година, а особено Генералниот конзулат на Руската Федерација во Лавов во декември 2021 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лишен од слобода возач во Куманово, управувал…
На 20.06.2025 во 16.50 часот на ул.„120“…
Трамп го предупреди Иран: Секоја одмазда ќе…
Откако се обрати до нацијата, претседателот на…
Белата куќа објави фотографии од Советот за…
Белата куќа синоќа објави фотографии од Советот…
Tрибина на СДСМ: „Македонија понижена!“ – една…
Tрибина на СДСМ: „Македонија понижена!“ – една…
Нетанјаху: Го одржав ветувањето дека нуклеарните објекти…
Израелскиот премиер, претседател и министер за надворешни…