(Видео) Романија не престанува да се тресе, четири земјотреси за еден час
Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил на 73 километри североисточно од градот Дробета-Турну, во близина на границата со Србија и 14 километри северозападно од градот Таргу Зију.
Потоа во 15:58 часот е регистриран земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала во близина на градот Крајова во Романија.
Земјотресот е почувствуван и на територијата на Србија, информираат од МУП.
Земјотресот го почувствувале и белграѓани.
По него следеше уште еден земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала, кој се случи на длабочина од 15 километри, соопшти ЕМСЦ.
Недолго потоа Романија ја погоди уште еден земјотрес, четврти по ред, со јачина од 2,9 степени.
Директорот на ИНФП, Константин Јонеску, вели дека регионот нема доволно енергија за да произведе силни земјотреси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…
Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
Слепите лица во Тетово без инфраструктура –…
Ова е сликата и светот низ кои…
Слаб земјотрес во Охридско
Слаб земјотрес со локална магнитуда од 2,0…
Жена обвинета за обид за труење колешка,…
Жена од Западна Австралија е обвинета за…