(Видео) Русите ја погодиле амбасадата на Катар во Киев!
Во својата прва изјава по синоќешните руски напади, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека руски дрон ја оштетил зградата на амбасадата на Катар.
Зеленски рече дека во нападот биле погодени станбени згради и енергетски објекти, и дека Русија користела вкупно 242 дронови и 13 балистички ракети. Според него, Москва лансирала и балистичка ракета со среден дострел „Орешник“, како и 22 крстосувачки ракети.
– Нападот се случи во самиот момент на силен студен бран, рече Зеленски, нагласувајќи дека бил токму насочен кон нормалниот живот на обичните луѓе.
Украинскиот претседател додаде дека руски дрон ја оштетил и зградата на амбасадата на Катар. Тој потсети дека Катар е земја која интензивно посредува со Русија за да обезбеди ослободување на воени заробеници и цивили кои се наоѓаат во руските затвори.
Зеленски повика на јасен одговор од меѓународната заедница, првенствено од САД, чии сигнали Русија навистина ги зема предвид.
– Русија мора да добие јасна порака дека е должна да се сврти кон дипломатијата и дека мора да ги чувствува последиците секој пат кога повторно ќе одлучи да убива луѓе и да уништува инфраструктура, рече тој.
Конечно, тој нагласи дека денешниот напад претставува и „многу гласен потсетник за сите наши партнери дека поддршката на воздушната одбрана на Украина е траен приоритет“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Русите ја погодиле амбасадата на Катар…
Во својата прва изјава по синоќешните руски…
Русија ја нападна Украина со „Орешник“: „Одговор…
Како одговор на нападот на Киев врз…
Мерц: „Повисоката цена на војната“ ќе ја…
Канцеларот на Германија, Фридрих Мерц денеска изјави…
Над еден милион луѓе останаа без струја…
Додека Украина продолжува да преговара за договор…
Зеленски: Блиску сме до договор со Америка
Украинскиот претседател Володимир Зеленски штотуку изјави дека…