Објавено на:

(Видео) Cилнa снежна бура во СAД: 3aгинaa двe дeцa и cкoрo милиoн сe бeз стрyja

t

Силна снежна бура зафати неколку американски држави на југоистокот на земјата, а медиумите јавуваат дека загинале две деца, додека милион луѓе останале без струја.
За кратко време околу 30 сантиметри снег паднаа во Вашингтон, Вирџинија, Мериленд, Делавер и во јужниот дел на Њу Џерси.

Снежната бура стигна и до северот на Алабама и Џорџија, Тенеси и Северна Каролина, па дури и северозападниот дел на Флорида.
Во Бирмингем, Алабама, на првиот ден од новата година температурата била 26 степени, а сега се спуштила до степен над нулата.

Седумгодишно девојче загина во Тенеси кога дрво паднало врз куќа, а слична трагедија се случила и во Џорџија каде животот го загуби петгодишно момче.
Речиси милион Американци останаа без струја.
Вирџинија е најтешко погодена, со повеќе од 400.000 домаќинства во моментов без струја.
Поради невремето од понеделникот напладне се откажани 7.200 меѓународни и домашни летови, а одложени се 10.158.
Американскиот претседател Џозеф Бајден беше завејан 30 минути во авион, во Вашингтон поради снежната бура што го погоди главниот град на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…

САД и Велика Британија ги повикаа нивните…

Амбасадата на САД во Бејрут и британската…

Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…

Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…