Трамп: САД и Кина потпишаа трговски договор
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали за условите или спецификите на договорот. Трамп изјави дека очекува наскоро да се постигне договор со Индија, објави АП.
Министерот за трговија на САД, Хауард Латник, потврди дека договорот со Кина е потпишан претходно оваа недела, додавајќи дека договорот е „потпишан и запечатен“.
Латник изјави за Блумберг ТВ дека договорот е склучен два дена пред објавата на Трамп. Договорот следува по првичните разговори во Женева на почетокот на мај, кога двете страни постигнаа договор за одложување на значителното зголемување на царините што можеше да ги замрзне трговските врски меѓу двете земји. „Претседателот сака лично да ги склучува овие договори. Тој е оној што ги потпишува договорите. Ќе имаме уште договори“, рече Латник. Иако Кина не објави никакви нови договори, кинеското Министерство за трговија вчера изјави дека го забрзува одобрувањето на извозот на ретки земни елементи, клучни за производство на високотехнолошки уреди како што се електричните возила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп нуди награда од милион долари за…
Американскиот претседател Доналд Трамп нуди награда од…
САД подготвени за голем напад врз Иран…
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) и американските…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
Во Кина 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов…
Во кинескиот град Џинан, во провинцијата Шандонг,…
Трамп: Морам да го запрам убивањето на…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора…