(Видео) Скопје се прости од Аки Рахимовски

t

Александар (Аки) Рахимовски е роден во Ниш, но за брзо време се преселил во Скопје. Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите „Вакуум“, „Крвна браќа“ и „Тор“ со кој настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година. Потоа, во соработка со менаџерот Владимир Михаљек – Мих го формираат првиот состав на „Парни валјак“ – југословенската група со која сними десетици албуми и одржа низа концерти на просторите на поранешна Југославија. Тој почина во саботата на 22 јануари во Словенија, а погребот ќе се одржи утре во Загреб

На Градскиот плоштад во Скопје музички и медиумски работници, како и голем број скопјани во текот на денот му оддаваат последна почит на Аки Рахимовски, еден од најдобрите рок-вокалисти во регионот.

Кај тревникот на плоштадот попладнето беше поставен билборд со фотографија од Аки и беше отворена книга на жалост каде граѓаните оставаат пораки, положуваат цвеќе и палат свеќи додека се слушаат и пеат хитовите што тој ги отпеа заедно со групата „Парни Валјак“.

Оддавањето последна почит преку ваков настан под мотото „Да го испратиме со песна нашиот Аки“ е во организација на радио „Бубамара“ со поддршка КЛС Саунд и Град Скопје, ден пред погребот на музичката мегаѕвезда во Загреб.
Александар (Аки) Рахимовски е роден во Ниш на 5 јуни 1955 година, но за брзо време се преселил во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.

Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите „Вакуум“, „Крвна браќа“ и „Тор“ со кој настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година. Потоа, во соработка со менаџерот Владимир Михаљек – Мих го формираат првиот состав на „Парни валјак“. Тој беше фронтмен на оваа група повеќе од четири децении во кои сними десетици албуми и одржа низа концерти на просторите на поранешна Југославија. Зад себе остави хитови со кои раснеа многу генерации. Аки почина на 66-годишна возраст на 22 јануари 2022 година во Словенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…