Објавено на:

(Видео) Со битката за Одеса завршува судирот во Украина?! Експертите тврдат: Русија распоредила подморници, светот никогаш не бил поблиску до нуклеарна војна

t

Војната во Украина влегла во 64-тиот ден, а борбите не престануваат ни по повеќе од два месеци.

Полковникот во пензија Мирослав Шпановиќ тврди дека Одеса следната цел на Русија и дека, доколку овој град падне, војната ќе биде завршена.


Шпановиќ исто така нагласил дека поделбата на западот е многу блиску и дека претпоставките кои експертите ги имале всушност би можеле да бидат вистински.

„Кога ќе падне Одеса војната ќе заврши. Одеса е една од следните цели. Последната цел е Херсон од каде се снабдува вода од Дњепар за комплетниот Крим, Донбас и Луганск. Остана сега последното што го очекувавме, а сега гледаме дека е остварливо, а тоа е поделбата на Западот. Веќе 12 компании од западот платија за гас со рубљи. Тоа што сега се случува со Полска и Бугарија, тоа е затоа што не платија. Имаме разни коментари, но војната е спроведување на политики со други средства. Во војната се е дозволено. Може да дојде и до нуклеарна војна“, рекол Шпановиќ во утринската програма на „Kurir Televizija“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рекол дека целите на Русија ја надминале актуелната војна против Украина и дека крајната цел на Русија е да ја распарчи цела централна и источна Европа.

Проф. др Душко Томиќ, од Факултетот за безбедност и глобални студии на американскиот универзитет во ОАЕ, смета дека иако Руската Федерација нема интерес да влезе во војна со НАТО, сепак распоредиле свои нуклеарни подморници во морето.

„Тој украински наратив кој Зеленски спроведува на основа на поддршката на одредени разузнавачки служби е апсурден. Какви се интересите Руската Федерација да влезе во војна со НАТО, никакви. Бидејќи сите земји номинирани од страна на Зеленски се членки на НАТО. Руската Федерација ги распоредила своите нуклеарни подморници во судени и топли мориња. Тие се подготвени да делуваат во секој момент. Би делувале од сите страни. Не треба да се шегуваме со тоа што Русија го поседува и како тие би делувале. Малку не дели од нуклеарна војна“, рекол Томиќ.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Абазовиќ најавува дека наскоро ќе се реши…

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ денеска…

Столтенберг: НАТО масовно ќе го зголеми бројот…

НАТО масовно ќе го зголеми бројот на…

Голема кражба во Скопје! – Прва на…

Два дена по отварањето на изложбата на…

Франција бара нафтата од Иран и Венецуела…

Франција побара нафтата од Иран и Венецуела,…

,,До кога ќе ги снемува спортските брендови”?

Македонскиот ракометен првак и најтрофеен клуб Вардар…