Објавено на:

(Видео) Срам: Полицајка му играла во скут на шефот поручник – двајцата се под истрага

t

Младата полицајка и нејзиниот претпоставен во Њујорк веројатно ги чека дисциплинска постапка откако протече видео на кое таа танцува во неговиот скут на забава на полициската празнична, божиќна забава во Бронкс, пренесува американски „New York Post“.

Вера Мекали (26), која претходно работела како агент за недвижнини. На видеото е снимен нејзиниот, најблаго речено, сензуален танц во скутот на поручникот Ник Мекгари во еден бар минатиот четврток.

Откако видеото излезе во јавноста, полицајката не беше достапна за коментар. Но, нејзиниот татко, Џон Мекали, во понеделникот за „The Post“ изјавил дека е фрустрирана од сето тоа.

– Таа ми рече: „Тато, згрешив. Многу ми е непријатно за она што го направив, те засрамив тебе и моето семејство“. Плачеше и плачеше, млада е. Тој е поручник и е оженет, требало подобро да знае. Ќе ја тужам полицијата – изјавил нејзиниот татко.

Под истрага официјално е и поручникот Мекгари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп најавува дека  ќе стави крај на…

Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…

Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…

Бајден одобри пакет воена помош за Тајван

Американскиот претседател Џо Бајден одобри нов пакет…

Зеленски: Европа не може да ја спаси…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Европејците…

Бајден: Секако дека ќе присуствувам на инаугурацијата…

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе…