(ВИДЕО) ССМ во среда излегува на протест!

t

Претседателот на Сојузот на синдикати на Макеоднија (ССМ), Слободан Трендафилов на прес – конференција информираше дека на 28 јануари во 17 часот пред Работничкиот дом ќе се одржи најавуваниот протест на работниците и синдикатите.

„Време е да се за избориме за достоинствени плати заедно со работниците. Ги повикуваме сите работници на кои не им биле зголемени платите, сите работници кои се чудат како да го врзат крајот со крајот од овој месец, ги повикуваме сите работници кои ги лажеле нивните газди, менаџери, функционери, министри итн. дека ќе им ги зголемат платите, а не им ги зголемиле, да ни се придружат на улица.“, изјави Трендафилов.

Според него, власта одбива да ја зголеми минималната плата во време кога 540 илјади граѓани во Македонија се сиромашни.

„Повикуваме на протест бидејќи прагот на сиромаштијата е 31.200 во Македонија, а 33 отсто од 540,000 работници живеат со плата под прагот на сиромаштијата одат на работа, а се сиромашни. Бијдеќи овие што не сакаат да се договорат во името на работниците и не сакаат да ги зголемат работничките плати, сметаат дека треба да ги држат работниците во ситомаштија и заложниство за да им бидат послушни и покорни.“, посочи претседателот на ССМ.

Трендафилов побара поддршката од сите работници, додавајќи дека со седењето дома се поддржува политиката на ниски плати, мизерни примања и тежок работнички живот.

Ова е првиот чекор од низата чекори кои ССМ ќе ги преземе во наредниот предиод, најавуваат дополнителни протести, блокади, генерален штрајк во јавниот сектор. Доколку барањата не им бидат испочитувани, Трендафилов најави собирање на 10.000 потписи со што ќе бидат овластен предлагач на закони и ќе побараат намалување на функционерските плати за 78 проценти и зголемување на работничките плати за 600 евра минимална плата и за разликата од зголемување на сите останати плати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) ССМ во среда излегува на протест!

Претседателот на Сојузот на синдикати на Макеоднија…

Жител на Романовце со „ауди“ удрил полицаец,…

На 14.01.2026 во 23:30 часот  во с.Романовце, кумановско,…

Тетовец платил 2.000 евра за лажни документи…

На 13.01.2026 во 11:20 часот во СВР…

ССМ: Работниците протестираат затоа што не се…

Првите тројца работодавачи со највисоки плати во…

Грипот во Македонија ја зеде првата жртва…

На Инфективната клиника во Скопје почина 75…