Грипот во Македонија ја зеде првата жртва – почина жена на Инфективна клиника
На Инфективната клиника во Скопје почина 75 годишна жена со повеќе хронични заболувања.
„Се работи за возрасна пациентка на 75 години кај која лабораториски е потврдена инфлуенца А и пациентката имала многу коморбидитети“, изјави д-р Фадил Цана – директор на Клиниката за инфективни болести.
Уште двајца други пациенти се во критична состојба и на респиратор, а неколкумина на кислородна поддршка.
Хоспитализирани се 25 пациенти, повеќето повозрасни.
„Тие се хоспитализирани затоа што кај нив при преглед е констатирано дека имаат компликација на вирусот на грип пред сè со респираторно засегање“, изјави д-р Цана.
Во првата недела од годинава, институтот за јавно здравје бележи 1.725 случаи со грип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…