(Видео) Стоилковски: Како фирма блиска до Рашковски земала тендери вредни 850000 илјади евра од Дрисла 

t

Од ВМРО-ДПМНЕ разоткриваат уште еден скандал поврзан со поранешниот генерален секретар на Владара, Драги Рашковски.

Еве што велат од партијата:

“Почитувани,

Како фирма блиска до Рашковски земала тендери вредни 850.000 евра од Дрисла?

Како во време на СДСМ, додека со Дрисла управува Коста Начевски, роднина на Рашковски и функционер на СДСМ, фирмата Алпима Градба на Александар Пиперевалиев од Струмица, бизнис партнер на Заеви и роднина на Рашковски склучува договори за изнајмување на машини со јавното претпријатие, за што му се исплаќаат близу еден милион евра?

Фирмата Алпима Градба, сопственост на Пиперевалиев, од Струмица, близок до Рашковски, со само два договори од 2019 и 2020 година успева со изнајмување на машини да оствари приход од Дрисла близу еден милион евра?

Како токму фирмата од Струмица, блиска до Заеви и до Рашковски го добива тендерот за изнајмување машини во Дрисла? Дали за Алпима Градба е менувана тендерска документација во отворена постапка?

Како тече постапката и како се мести тендерот за струмичката фирма? Одговор ќе ви дадам сега.

Според договорот од 2020 година, вреден над 12 милиони денари, и тоа е првата работа откако Дрисла станува ЈП и со претпријатието почнува да управува Коста Начевски.

Се распишува оглас за изнајмување на механизација, којшто првично содржи услови за заинтересираните да имаат минимален годишен приход од 20 милиони денари годишно три последователни години, последните години, да имаат најмалку 12 вработени и други критериуми коишто замислете додека е отворена постапката, се менуваат и се бришат! Односно огласот почнува да ги добива контурите токму како на фирмата на Пиперевалиев од Струмица, бизнис партнер на Заев и роднина на Драги Рашковски, во тој момент генерален секретар на Владата.

Вториот спорен момент е што за договорот меѓу Дрисла и фирмата на Пиперевалиев е прекршен Законот за јавни набавки и договорот е склучен во четири очи.

Почитувани,

Додека државата тонеше економски, здравствено, образовно, и на секое поле, СДСМ тера бизниси во чија што основа лежат криминал и корупција. Се менуваат услови на тендери во отворена постапка, а бизнисите ги делат братучеди и роднини на функционери од владата. Тоа беше тенденцијата и сликата за владеењето на СДСМ изминативе пет години, тоа е сликата која што се уште не е сменета. Единствена промена ќе дојде со предвремени, брзи парламентарни избори.” – стои во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова е фирмата која го доби тендерот…

Јавното претпријатие за одржување и заштита на…

Нови скандали излегуваат на виделина: Филипче договорил…

Поранешниот министер за здравство од владата на…

Уништени огромни количини од вакцините на Фајзер,…

На депонијата Дрисла денеска се уништени 67…

Се огласи МВР: Фирмата на синот на…

Министерството за внатрешни работи вечерва ги негираше…

Николоски обелодени скандал: Фирма на синот на…

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието…