(Видео) Стоилковски: Три дена нема оградување од Заев за рекет во РЕК Битола

t

Бојан Јовановски, осуден сопственик на телевизија за случајот „Рекет“, во отворено писмо посочува и обвинува дека семејството на Зоран Заев од секој тендер на РЕК Битола имало корист од определен процент. Тоа со еден збор е рекет! И веќе три дена нема ниедно оградување од Заев, од неговиот брат, именуван во отвореното писмо, ниту од било кој од енергетските власти коишто, да потсетам ја втурнаа државата во тешка енергетска и економска ситуација со катастрофални последици, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Бојан Јовановски е неспорно близок соработник и човек со директен контакт со раководството на СДСМ и особено со Зоран Заев.

Во писмото, Јовановски сведочи и посочува на „Рекет“ во којшто семејството на Зоран Заев добивало проценти од тендерите токму на РЕК Битола, додавајќи дека за сето тоа имал докази во неговиот мобилен телефон. За потсетување, мобилниот телефон на Јовановски е одземен од обвинителството за случајот „Рекет“, но не е направено вештачење досега, ниту беше искористен во обвинението, ниту пак му беше даден за да користи во одбраната на Бојан Јовановски.

Цитирам дел од писмото на Бојан Јовановски до Зоран Заев, „Јас сум живиот сведок на примопредавање на кеш пари стотици илјади евра од страна на и тука – стои име на добитник на тендер – кон вашиот брат Вице Заев во просториите на Меѓународен сојуз“, пишува Јовановски за случајот со тендерите токму во РЕК Битола.

Изнесените тврдења на Бојан Јовановски следат откако среде судница во своја изјава Бојан Јовановски гласно и прецизно посочи цитирам, „Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви“. Сега во отворено место сведочи дека Вице Заев земал пари од газдите на фирмите кои што добивале тендери во РЕК Битола, за што како што вели постојат докази во неговиот мобилен телефон.

Молкот на Заеви и молкот на институциите не е одговор, институциите мора да ги истражат ваквите наводи, бидејќи се поинаку е соработка во тонењето на државата на сите листи на мерењата на криминалот и корупцијата, подвлекува Стоилковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џабе го дадовме името?! Димитров: ЕУ не…

Поранешниот вицепремиер и министер за надворешни работи…

Османи: Уставните измени што побрзо да станат…

Уставните измени треба што побрзо да станат…

Член на комисијата потврди: Бугарските историчари инсистираат…

Не работиме на утврдување на статусот на…

(Во живо) Отварање на бугарскиот културно-информативен центар…

Следете го во живо отварањето на новиот…

Добро утро со Инфомакс: Денешните историски докажувања…

Ѓорче Петров е македонски професор, публицист, историчар,…