(Видео) Стојановска: Заев е премиерот кој нижеше само капитулации

t

Зоран Заев е премиерот кој нема да и фали на Македонија. Премиерот кој не однесе на 111 место на листата на Транспаренси Интернешенл, премиерот заради кој од Стејт Департментот бевме окарактеризирани како држава во која американските инвеститори посочуваат на корупција и неефикасност на институциите. Премиерот со кој државата и неговата влада го добија епитетот хибриден режим од угледниот магазин Економист, истакна на денешната прес-конференција Дафина Стојановска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа посочи дека Зоран Заев е најнеугледниот премиер на Македонија кој треба да оди во заборав, но грешките и проблемите кои ги предизвика ќе се развлекуваат со години.

-Зоран Заев е премиерот кој нижеше само капитулации. Ја донесе државата во подредена положба, и во односот со Бугарија ја понижи. Заради Заев, Македонија добива нови уцени, блокади и кочења. Зоран Заев е премиерот кој отвори многу прашања и не затвори ниту едно. Правосудниот систем стана заробеник на власта, судски пресуди се диктираа и се уште се диктираат од него или луѓето околу него, а обвиненија се конструираат по нарачка. Осуди луѓе на 200 години затвор заради лични хирови, спротивно на сите начела на правото. Ги злоупотреби институциите за систематски рекет, а кога неговото име ќе се спомне во судница, тој што го кажал веднаш се исфрла надвор. Јавното обвинителство не се осмели да подигне едно обвинение против Заев, а индиции и факти имаше многу. Заев од државата направи поле со марихуана, каде неговите братучеди и пријатели го држат целиот бизнис со канабис, а шоферите на неговите братучеди шверцуваат дрога во тони. И никој за тоа не одговара. Зоран Заев ќе остане запаметен како човек кој заедно со министерот за здравство Венко Филипче бараа провизии и од вакцини. Народот 5 месеци одеше по околните држави да се вакцинира, затоа што Заев и Филипче не се испазариле за провизијата и не набавуваа вакцини. Заради неговата неспособност од КОВИД 19 починаа луѓе колку што жители има едно Берово, Крушево или Кратово. Земјоделците беа оставени на цедило. Ниту имаше сигурен откуп, ниту високи откупни цени. Трудот на земјоделецот беше потценет. А кога тие излегоа на протест тој им пушти полиција за да ги тепа. Зоран Заев е човекот под чиј диктат се укинаа учебниците, нагласи Стојаноски.

Еден инфраструктурен проект нема завршено, ниту тие наследени од ВМРО-ДПМНЕ не може да ги заврши и по повеќе од 5 години власт.

Зоран Заев ќе остане запаметен како најголемата непогода која и се случила на Македонија. Никој нема да тагува по Заев, а народот ќе тагува по се она што тој му го одзема.

И оставката на Заев не е морален чин, тоа е чин за спас, и обид преку инсталирање на свој пион како Димитар Ковачевски да се спаси од одговорност. Владата на СДСМ во најава е влада со краток рок на траење. Народот бара избори, и изборите се единствен начин државата да го заборави заевизмот и да тргне напред.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Член на комисијата потврди: Бугарските историчари инсистираат…

Не работиме на утврдување на статусот на…

(Во живо) Отварање на бугарскиот културно-информативен центар…

Следете го во живо отварањето на новиот…

Добро утро со Инфомакс: Денешните историски докажувања…

Ѓорче Петров е македонски професор, публицист, историчар,…

Зајкова: Државава нема друга алтернатива освен ЕУ

Немаме веќе ниту време, ниту генерации за…

Добро утро со Инфомакс: Ќе ја оставиме…

На тројца комити, еден кодош, или во…