Објавено на:

(Видео) Тадиќ: Kако фашистите на Мусолини, Вучиќ испрати свои орди со насилници на местата каде што се одржуваат денеска локалните избори

t

Поранешниот претседател на Србија, сега лидер на Социјалдемократската партија, Борис Тадиќ, оцени дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, „ги испратил своите орди на злото – насилници и закоравени криминалци, неговите најважни сојузници“ во десет градови во Србија, каде што денеска се одржуваат локални избори.

„Тоа го направија фашистите на Мусолини. И затоа основата на денешниот прогресивен режим, исто како и фашистите, е само бруталното насилство како идеологија, а само злото и пропаста на Србија можат да произлезат од таква идеологија“, истакна Тадиќ на социјалната мрежа Х.

Како што додаде, „борбата против прогресивното зло е секогаш и на секое место обврска и возвишување“ и повика: „Сите на избори денеска!“.

Во десет српски општини: Лучани, Кула, Смедеревска Паланка, Аранѓеловац, Бајина Башта, Бор, Мајданпек, Кладово, Књажевац и Севојно, денеска се одлучува кој ќе управува со локалните собранија во следните четири години.

Овие избори се сметаат за тест за тоа колку 14-годишното владеење на српскиот претседател Александар Вучиќ е раздрмано од минатогодишните масовни антивладини протести, предводени од студентското движење, во кои од владата се бараше демократизација на земјата, сузбивање на корупцијата, реструктуирање на институциите, независност на судството и слобода на медиумите. Гласачките места се затвораат во 20 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ајкулите во Персискиот Залив ги чекаат американските…

Иранската војска порача дека „ајкулите во Персискиот…

(Видео) Тадиќ: Kако фашистите на Мусолини, Вучиќ…

Поранешниот претседател на Србија, сега лидер на…

80 ГОДИНИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА…

Додека светот уште ги лечел тешките рани…

ОЈО Кочани: Пронајдено тело на маж со…

Во близина на Виница е пронајдено тело…

Ердоган предупреди: Турција воено ќе интервенира ако…

Турција упати сериозно предупредување до Соединетите Американски…