(Видео) Тодоров: Болницта во Штип ја оставив 60% завршена, функционерите да се зафатат со сериозна работа, не да бараат изговори

Во денешната епизода на МРЕЖА поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, покрај новиот клинички центар во Скопје, зборуваше и за останатите започнати, а незавршени проекти во областа на здравството кои Владата на Заев наместо да ги продолжи, ги стопираше.
– 60% е готова болницата во Штип, супстандардни се таму условите. Министерот Меџити отиде и даде една искрена изјава, јас не би се лекувал тука. Тоа е искрена изјава кога човек ќе ги воочи состојбите во една болница, е сега фали да рече јас ќе го довршам ова и да станува и да легнува со таа мисла.
Фали фокус на работа, не треба да се спие, многу работа бара секојдневно, нема сабота, недела, празник, делник, секој ден од сабајле до сабајле, тоа фали, а ова е политички изговор дека нешто е почнато од претходната власт.
Треба да се седне да се види што фали и да се доврши, за тоа треба да се седне да се направи план, да се подготви документиација, тендер и да се пушти болницата, треба некој да си ја фати таа работа и да ја заврши, вели Тодоров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хорор сцени од детското одделение на кумановската…
Фејсбук страницата „Кумановска горила“ сподели фотографии од…
„Вие го запаливте пламенот спремете се за…
Вечерва во Штип се одржа марш. Младите…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
(Видео) Мирен марш во Штип во чест…
Штипјани и вечерва во огромен број се…
Седум локации – МВР забрани да се…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…