(Видео) Тотален хаос: Полицијата во Амстердам растури протест против епидемиолошките мерки

Градоначалничката издаде наредба до полицијата да го исчисти централниот плоштад откако демонстрантите ја прекршија забраната за јавни собири.
Интервентната полиција опремена со палки и штитови растера неколку илјади луѓе кои се собраа во Амстердам да протестираат против епидемиолошките мерки и вакцинацијата против ковид-19.
Градоначалничката Фемке Халсема издаде наредба до полицијата да го исчисти централниот плоштад откако демонстрантите ја прекршија забраната за јавни собири.
Демонстрантите, кои главно не носеа маски и не држеа дистанца, ја игнорираа забраната за одржување митинзи на главниот плоштад.
Холандија воведе карантин на 19 декември, кога владата одлучи да ја забрани работата на продавниците (освен неопходните), на рестораните, фризерницитее, спортските сали, музеите и другите јавни места до 14 јануари.
Како и другите европски земји, Холандија го стори тоа за да го запре бранот на омикрон, што предизвика низа протести во земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кос: Црна Гора и Албанија со најголем…
Албанија и Црна Гора постигнаа поголем напредок…
(Видео) Големи протести во Истанбул!
Во Истанбул вечерва се одржува нов протест…
Германија размислува за повторно воведување на воен…
Во услови на дебата за зголемување на…
Макрон: Европа не може да биде вазал…
Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Европа…
Време е Европа да се ослободи од…
Дали стратешката автономија на континентот е реална…