Објавено на:

(Видео) Трамп воведе повисоки царини кон Швајцарија затоа што „не му се допадна тонот на премиерката“

t

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју со Лари Кадлоу објасни зошто вовел царини за Швајцарија, откривајќи дека ги зголемил бидејќи не му се допаднал тонот со кој една швајцарска официјална личност разговарала со него.

Трамп наведе дека поради трговскиот дефицит од 42 милијарди долари вовел царина од 30 отсто, која по спорниот телефонски повик ја зголемил на 39 отсто.

Гостувајќи на Fox Business, Трамп објасни дека имал инцидент со Швајцарија, која ја опиша како „многу убава земја“, затоа што не плаќала царини и испраќала стока во САД во неверојатни количини. Поради тоа, тврди претседателот, САД имале дефицит од 42 милијарди долари.

„Реков дека мораме нешто да превземеме за да го урамнотежиме тоа“, изјави Трамп, додавајќи дека вовел царина од 30 отсто, што ја оцени како многу ниска.

„Примив итен повик од, верувам, премиерката на Швајцарија“, рече Трамп. Сепак, Швајцарија нема премиер, туку ја води седумчлено Сојузно советување. Трамп појасни дека телефонскиот разговор со Карин Келер-Цутер, претседателка на Сојузното советување за 2025 година, станал напнат.

„Не ми се допадна начинот на кој разговараше со нас, па наместо да ги намалам царините, ги зголемив на 39 отсто“, изјави тој.

Минатиот месец Трамп објави дека се согласил да ја намали царинската стапка од 39 на 15 отсто поради притисокот на швајцарските компании, но предупреди дека таа повторно може да се зголеми.

„Ја намалив затоа што не сакам да им штетам на луѓето. Не сакам да ги повредам. И ја спуштивме на пониско ниво, тоа не значи дека нема повторно да се зголеми“, рече Трамп на Светскиот економски форум во Давос.

Келер-Цутер се соочи со критики во Швајцарија поради начинот на кој го водела разговорот што Трамп го спомна, при што претседателот рече дека „не сакала да го слушне“ неговото загрижување за американскиот дефицит.

Американските и швајцарските преговарачи постигнале прелиминарен договор во ноември за намалување на царинската стапка на 15 отсто, при што швајцарската индустрија се обврзала да вложи 200 милијарди долари во САД до крајот на 2028 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Трамп воведе повисоки царини кон Швајцарија…

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју со…

Трамп се закани со царини за трговските…

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека…

Италија го осуди ослободувањето на сопственикот на…

Италијанската влада денес го осуди ослободувањето на…

Трамп ѝ се закани на Канада со…

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави…

Сопственикот на барот каде загинаа 40 лица,…

Сопственикот на барот во швајцарскиот ски центар…