Трамп ѝ се закани на Канада со 100% царина ако склучи трговски договор со Кина
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека САД ќе воведат 100-процентна царина на целиот канадски увоз доколку Канада склучи трговски договор со Кина. Трамп на своите социјални мрежи изјави дека канадскиот премиер Мекарти, кого го нарече гувернер, длабоко греши ако мисли дека ќе ја направи Канада транзитно пристаниште за Кина за испраќање стоки и производи во Соединетите Држави.
„Тогаш Кина би ја проголтала цела Канада, вклучително и уништување на нивните бизниси, општественото ткиво и општиот начин на живот“, напиша Трамп.
Карни потпиша договор со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг во понеделник, со кој се намалуваат царините за електрични возила, земјоделски производи и други сектори. За време на разговорите со Си, за време на првата посета на канадски лидер на Кина за осум години, Карни рече дека ангажманот и соработката треба да бидат основа на новото партнерство, истакнувајќи области како што се земјоделството, енергетиката и финансиите како сектори каде што е можен најбрз напредок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
Во Кина 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов…
Во кинескиот град Џинан, во провинцијата Шандонг,…
ЕУ бара Канада и Велика Британија да…
Европската Унија се подготвува да ги убеди…