(Видео) Трамп му покажа среден прст на вработен во Форд откако тој го обвини дека заштитува педофили
Американскиот претседател Доналд Трамп му покажал среден прст на работник додека бил во обиколка на фабрика на Форд во Мичиген во вторникот.
Инцидентот се случил во услови на растечки притисок врз Белата куќа за објавување на тајни досиеја за Џефри Епштајн.
Видеото до кое дојде TMZ прикажува лице како вика во правец на Трамп, иако не е сосема јасно што точно кажува. TMZ објави дека лицето наводно извикало „заштитник на педофилите“ кон американскиот претседател.
Потоа Трамп реагираше бурно на скандирањата од толпата додека го обиколуваше комплексот на Форд во Ривер Руж во Мичиген, а од неговите усни беше очигледно дека изговорил пцовка.
На објавеното видео, може да се слушне како еден човек вика од фабричкиот под, додека Трамп гледа од повисок кат. Според сведоците, американскиот претседател прво одговорил со пцовки, а потоа направил несоодветен гест со раката – среден прст.“
Директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чунг, не го потврди директно гестот со среден прст, но го бранеше американскиот претседател.
„Претседателот даде соодветен и недвосмислен одговор во време кога лудакот диво врескаше непристојности во целосен напад на бес “, изјави Чеунг за Гардијан .
Компанијата „Форд“ изјави дека се горди на повеќето свои вработени, но не толерираат несоодветен јазик во своите објекти, истакнувајќи дека имаат внатрешни процедури за справување со вакви инциденти.
Овој инцидент не е изолиран случај на нервоза, бидејќи администрацијата на Трамп се соочува со сериозни обвинувања поради доцнењето во објавувањето на документите за покојниот педофил и трговец со луѓе, Џефри Епштајн .
Иако федералниот закон налагаше досиејата да бидат објавени во целост до средината на декември, Министерството за правда досега објави помалку од 1% од документите .
Доналд Трамп, кој со години е поврзан со Епштајн, претходно се спротивстави на објавувањето на овие документи, нарекувајќи ја целата приказна „измама“.
Donald was just spotted flipping off a Ford worker who yelled "pedophile protector" during Trump’s visit to the factory today.
Whatever you do don't call @realDonaldTrump a #pedophileprotector today. He hates it. pic.twitter.com/kLNjhQX8hu
— The Lincoln Project (@ProjectLincoln) January 13, 2026
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Трамп му покажа среден прст на…
Американскиот претседател Доналд Трамп му покажал среден…
Осум дена притвор за 55-годишник кој со…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Пицула го демантира Вучиќ: Не е вистина…
Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино…
Денес е Василица – Никако не се…
Според обичаите во еден дел од Македонија,…
Трамп: САД ќе реагираат решително ако Иран…
САД ќе реагираат „многу решително“ доколку иранските…