Трамп: САД ќе реагираат решително ако Иран започне егзекуции
САД ќе реагираат „многу решително“ доколку иранските власти започнат со егзекуции на лица уапсени за време на протестите, предупреди американскиот претседател Доналд Трамп.
Неколку часа претходно, во објава на својата социјална мрежа „Трут соушал“, Трамп порача дека нема намера да се сретне со претставници на иранските власти и ги охрабри демонстрантите, наведувајќи дека „помошта е на пат“. Коментарот уследи во време кога активисти тврдат дека бројот на загинати за време на протестите во Иран надминал 2.000 лица.
– Ќе реагираме многу решително доколку направат такво нешто, изјави Трамп подоцна, одговарајќи на прашање на новинар на телевизијата Си-Би-Ес њуз, за време на посетата на фабрика за автомобили во Детроит, сојузната држава Мичиген, во врска со можни егзекуции на демонстранти во Исламската Република.
„Се враќам во Белата куќа и ќе ја разгледаме ситуацијата во Иран“, изјави Трамп на брифинг со медиумите откако неговиот авион слета во воздухопловната база „Ендрјус“ во близина на Вашингтон. Тој изрази очекување дека ќе добие „прецизни податоци поврзани со убиствата на демонстрантите“, наведувајќи дека станува збор за „значителен број“ жртви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…