(Видео) Тpaгедија во Турција: Автобус излетал во провалија длабока 30 метри има и загинати

Најмалку две лица загинаа, а неколку се повредени по тешката автобуска несреќа која се случила денеска во близина на турскиот град Истанбул.
Патничкиот автобус сообраќал на релација Черкезкој – Ајдин излетал од патот и слетал во провалија длабока 30 метри на автопатот Кузеј – Мармара.
Агенцијата Анадолија пренесува дека животот го загубиле најмалку двајца патници, додека „Дејли Сабах“ пренесува за три загинати, а 18 повредени. Во автобусот во моментот на несреќата имало повеќе од 20 лица.
Во моментот на несреќата условите на патот биле отежнати, односно имало голомразица и снег, па тоа може да биде една од причините за оваа несреќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Метео: Студено и облачно време со повремени…
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша”…
Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја…
ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА…
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…
ВИСАТ ВО ВОЗДУХ НОВИТЕ АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД…
Техничкиот аранжман за набавка на 8 армиски…
Двајца осудени за 27 април побарале помилување
Дел од обвинетите за организирањето на упадот…