(Видео) Украинци излегоа на протест во Скопје: Сакаме сите да знаат што се случува во Украина

t

На плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска се одржа протест за поддршка на Украина од страна на членовите на здружението на Украинците во Македонија, кои маршот ќе го продолжат и пред руската амбасада.

Со украински знамиња и натписи против Путин и Русија, десетици членови на ова здружение во земјава порачаа дека сакаат да испратат порака за тоа што се случува моментално во Украина.

„Сакаме сите да знаат што се случува сега во Украина и што прави Путин таму. Киев е опкружен со војска, ситуацијата е многу лоша, навистина лоша“, изјави еден од демонстрантите на новинарско прашање.

Дел од нив упатуваа и пораки како „стоп за војната“, а  некои со солзи во очите раскажуваа што им се случувало на нивни блиски кои моментално се наоѓаат во Украина.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата на протестот ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 12 часа делови од Скопје…

Повеќе од 12 часа делови од Скопје,…

(Фото) Ова е хеликоптерот што Србија ни…

Припадниците на хеликоптерската единица и Министерството за…

Три каснувања од кучиња скитници во Скопје…

Три каснувања од кучиња скитници се пријавени…

Венс: Ако победи Трамп ќе преговара со…

Доколку Доналд Трамп победи на изборите, ќе…

Кремљ ги засили мерките за безбедност на…

Безбедноста на претседателот на Русија, Владимир Путин,…