(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево го доби бизнисот за возачки испити во Пелагонискиот регион
Лиценца за испитен центар се издава за секој плански регион одделно и има важност од пет години. Во тие години избраната фирма практично добива монопол бидејќи не може да има повеќе од еден испитен центар во еден плански регион.
Битолската фирма каде следните пет години ќе полагаат возачки испити жителите од Пелагонискиот регион е регистрирана во август 2024-тата година и е во сопственост на кичевска фирма регистрирана само неколку дена претходно. Газда на кичевската фирма и управител на битолската е советник во Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Вели, партиската припадност не била пресудна за да го добие бизнисот. Инаку, фирмите ги регистрирал околу четири месеци пред МВР да го распише огласот за испитен центар
Фирмата која сега влегува во бизнисот со возачките испити во Пелагонија, „Супер возач“, е нова. Основана е во август минатата година или само три месеци пред да се распише првиот конкурс за избор на компанија што ќе го води Испитниот центар. Сопственик на „Супер возач“ e фирмата „Стрит рајд“ од Кичево, формирана неколку дена пред „Супер возач“, со единствен сопственик и управител – извесен Филип Митрески. Тој е управител и во „Супер возач“.
Кога се јавивме да го побараме Митрески во Испитниот центар во Битола, ни кажаа дека воопшто не се појавил таму. Филип Митрески, родум е од Кичево. Од неговиот фејсбук-профил, веднаш се доаѓа до заклучокот дека станува збор за поддржувач на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кој ревносно споделува објави за партиски активности. Бил и во Унијата на млади сили на партијата во Кичево.
Дополнително пребарување не однесе до податокот дека тој е и локален партиски функционер – член е на Советот на Општина Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР НЕ Е ТАПИЈА НА…
Прес-конференција на ВЛЕН Пред дваесет и пет…
Номинирани амбасадори за Атина,Будимпешта,Сараево,Осло и Каиро
Поранешен директор на ЈП „Градски паркинг“, поранешна…
Аркин Јахији кандидат на ДУИ за градоначалник…
Демократската унија за интеграција на изборите за…
Пронајдена бомба во водите на Охридското Езеро
Вчера во 18:10 часот во Регионалниот центар…
Вработени во МВР без здравствено осигурување, ФЗО…
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека…