(Видео) Фejcбук и Зукeрбeрг го создаваат најмоќниот компјутер во светот

t

Матичната компанија на Facebook, Meta Platforms Inc, ја заврши првата фаза на развој на нов суперкомпјутер.

Членови на истражувачки тим создале нов суперкомпјутер наменет за истражување на вештачка интелигенција, соопшти компанијата. Оттаму веруваат дека истиот ќе биде завршен кон средината на 2022 година и ќе биде најбрз во светот.

Во објавата на блогот на Meta пишува дека новиот AI Research SuperCluster (RSC) ќе овозможи компанијата да развие уште подобар суперкомпјутер наменет за истражување на вештачка интелигенција. Би можеле да се користат бројни карактеристики, да работи на повеќе стотина јазици и истовремено да анализира текстови, фотографи и видеоснимки за да се утврди дали содржината е штетна.

На суперкомпјутерот експертите работеле две години. Се верува дека може да им помогне во развој на уште поквалитетни софтвери базирани на технологија на вештачка интелигенција. На пример, би овозможиле поквалитетен надзор на говор на омраза во објавите на социјалните мрежи.

„Освен што сега ќе придонесе за безбедноста на корисниците на нашите услуги, туќу ќе придонесе и за нивната безбедност во иднина, додека го создавате метаверзумот“, објави компанијата на блогот.

Компанијата објави дека развива нова алати за виртуелна реалност. Според пишувањето на CNN, наскоро може да почне со развој на нови системи на вештачка интелигенција како симултани преводи за поголема група луѓе кои зборуваат на различни јазици, што е еден од можните начини за примена на овој високософиситициран уред.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Партиски ботови” го злоупотребувале Фејсбук профилот на…

Приватниот профил на претседателката на Државната комисија…

По две години забрана, Трамп се враќа…

Компанијата на Марк Закерберг, „Мета“, во чија сопственост…

Зукерберг го “следи” Маск: Мета отпушта илјадници…

Компанијата „Мета платформс“ од денеска почнува со…

Прилепчанец доби кривична пријава за објава на…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.С.(44)…

Битолчанец заработи кривична пријава поради објава на…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.С.(52)…