(Видео) Фejcбук и Зукeрбeрг го создаваат најмоќниот компјутер во светот

t

Матичната компанија на Facebook, Meta Platforms Inc, ја заврши првата фаза на развој на нов суперкомпјутер.

Членови на истражувачки тим создале нов суперкомпјутер наменет за истражување на вештачка интелигенција, соопшти компанијата. Оттаму веруваат дека истиот ќе биде завршен кон средината на 2022 година и ќе биде најбрз во светот.

Во објавата на блогот на Meta пишува дека новиот AI Research SuperCluster (RSC) ќе овозможи компанијата да развие уште подобар суперкомпјутер наменет за истражување на вештачка интелигенција. Би можеле да се користат бројни карактеристики, да работи на повеќе стотина јазици и истовремено да анализира текстови, фотографи и видеоснимки за да се утврди дали содржината е штетна.

На суперкомпјутерот експертите работеле две години. Се верува дека може да им помогне во развој на уште поквалитетни софтвери базирани на технологија на вештачка интелигенција. На пример, би овозможиле поквалитетен надзор на говор на омраза во објавите на социјалните мрежи.

„Освен што сега ќе придонесе за безбедноста на корисниците на нашите услуги, туќу ќе придонесе и за нивната безбедност во иднина, додека го создавате метаверзумот“, објави компанијата на блогот.

Компанијата објави дека развива нова алати за виртуелна реалност. Според пишувањето на CNN, наскоро може да почне со развој на нови системи на вештачка интелигенција како симултани преводи за поголема група луѓе кои зборуваат на различни јазици, што е еден од можните начини за примена на овој високософиситициран уред.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повторно падна Фејсбук…

Апликациите на МЕТА повторно се соочуваат со…

Првични информации: Зошто падна Фејсбук?

Оштетени подморски кабли во Црвеното море се…

Се врати Фејсбук: Останатите платформи сè уште…

Фејсбук успеа да ги врати своите услуги…

Маск се мајтапи со Фејсбук: Ако го…

Ако го читате овој пост тоа е…

Портпаролот на Фејсбук се огласи на Твитер:…

Предмалку на својот официјален Твитер профил се…