(Видео) Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање

t

На граничниот премин Блато спречен е обид за шверц на над три илјади игли за тетовирање, соопшти Царинската управа на Македонија.

Царински службеници на влез на граничниот премин Блато запленија над три илјади парчиња игли и друга опрема за тетовирање, којашто возач на товарно моторно возило се обидел нелегално да ја внесе во државава.

При детална контрола, царинските службеници во возилото, покрај иглите, открија и 60 пакувања со вкупно 7,2 литри мастило за тетовирање, 150 парчиња маст и помошни алатки за тетовирање.

Опремата за тетовирање, како иглите, е регулирана со задолжителна дозвола за увоз, и секој обид за нелегална трговија со ваква стока претставува опасност по здравјето на граѓаните. Оттаму, апелираме до сите учесници во патничкиот и товарниот сообраќај, да ги почитуваат законските прописи, бидејќи секој обид за загрозување на безбедноста на граѓаните ќе биде најстрого санкциониран, велат од Царина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Техеран ќе ги користи метро-станиците како засолништа…

Жителите на иранскиот главен град Техеран ќе…

Канада го забрзува економското оддалечување од САД,…

Канада ќе ги забрза напорите за намалување…

Сириско училиште ги раздели момчињата и девојчињата…

Сириско училиште одлучи да ги раздели момчињата…

Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…

Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…