Објавено на:

(Видео) Шварценегер со апел до Путин: Ова е илегална војна, не ги жртвувајте животите на војниците за бесмислици

t

Холивудскиот актер, Арнолд Шварценегер го замоли рускиот претседател Владимир Путин да каже „стоп на војната“ во Украина и им порача на руските војници дека нивните животи се „жртвуваат за бесмислена војна која ја осудува целиот свет“.

Во деветминутното видео објавено на неговиот Твитер профил, актерот и поранешен гувернер на Калифорнија, истакнува дека „силата и срцето на рускиот народ секогаш го инспирирале“

„Ова не е војна за одбрана на Русија која ја воделе вашите дедовци и прадедовци. Ова е илегална војна“ – наведува Шварценегер.

Тој му се обраќа директно и на претседателот Владимир Путин.

„На претседателот Путин му кажувам: Вие ја почнавте оваа војна. Вие ја водите оваа војна. Вие можете да ја запрете оваа војна“ – наведува актерот.

Во описот на снимката тој додава:

„Го сакам рускиот народ. Затоа морам да ви ја кажам вистината“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дуда: Запрепастен сум од преговорите помеѓу Путин,…

Запрепастен сум од сите разговори со Путин,…

Путин му го плесна: Погрешната политика на…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…

Дали се согласувате со Трас – Путин…

Министерката за надворешни работи на Обединетото Кралство…

(Видео) Вака не се добива војна: Руските…

Новинарот Кристофер Милер на Твитер објави видео…

Путин и Зеленски со исто гледиште за…

Дипломатски извори соопштија дека Путин и Зеленски…