Пронајдена опасна рачна бомба во Кривопаланечко! Апел да не се фаќаат и поместуваат пронајдени неексполодирани убојни средства, туку да се пријават
ДЗС: Пронајдена опасна рачна бомба во Кривопаланечко што е безбедно отстранета – апел да не фаќаат и поместуваат пронајдените неексплодирани убојни средства туку едноставно да се пријави за нивната локација на 112
Денеска (29.05.2025 година) околу 12.00 часот е пронајдено неексплодирано убојно средство (НУС) во месноста Маала Лубарци кај с.Длабочица, Општина Крива Паланка. Конкретно, пронајдена е одбранбена рачна бомба, германско производство, од Втората светска војна и претставува сериозна опасност по животот на луѓето ако се активира и експлодира, а секако е опасна и за материјалните добра околу неа, во околината.
За нејзино безбедно отстранување е ангажиран искусниот пиротехничар на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, од Битола, којшто со помош на негов колега прво врши испитување да не се случи самоактивирање на неексплодираното опасно експлозивно средство. Потоа, одбранбената рачна бомба е безбедно подигната од локацијата на пронаоѓање и пренесена на безбедно место, од каде што потоа таквите НУС се носат во оптимално време, според термини и можности на уништување.
ДЗС апелира да се следат препораките, што и медиумите ги објавуваат, при вакви случаи, поточно да не се фаќаат и да не се поместуваат работите коишто ќе се пројадат во природата или во населени места и личат на неексплодирани убојни средства, туку едноставно да се пријави нивната локација веднаш на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) по што согласно оперативните стандардни процедури безбедно се отстранува опасноста од нив од ДЗС во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) и други институции или служби согласно потребите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од…
Во овој момент активен е пожарот, кој…
ДЗС со две нови теренски 4×4 возила
Денеска, Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за…
ДЗС: Повик за учество во гаснење на…
Повик на Дирекцијата за заштита и спасување…
Максимални безбедносни мерки на аеродромот во Софија:…
На софискиот аеродром денеска е примена дојава…
Аларм за бомба врати „Боинг“ назад во…
Патнички авион на лет од САД кон…