(Видео) Штиклите отидоа во Сава – Белграѓани мораа да пливаат – хит сцени!

t

Сто и четиринаесет лица биле евакуирани синоќа од сплавот „Картел“ на Сава во Белград, јавија за Танјуг од Секторот за вонредни состојби во Србија. Сплавот почнал да тоне нешто по полноќ откако избила тепачка меѓу гостите и обезбедувањето по што следело стампедо, а драматични снимки се појавија на социјалните мрежи. Нема мртви и повредени, пренесуваат српските медиуми. Според „Блиц“, меѓу евакуираните имало 30 млади лица, тинејџери.

На местото пристигнале полицајци, меѓу кои и од речната полиција и 25 пожарникари. Еден маж кој сакал да доплива до брегот бил извлечен од водата.

Како што изјави за Блиц еден од младите кои биле на сплавот, само неколку минути по тепачката сплавот почнал да тоне, а мостот почнал да пука.

– Забавата требаше да трае до два часот, околу еден нè избркаа. Јас бев првиот што ме исфрлија од сплавот. Обезбедувањето не сакаше да ми каже зошто нè бркаат. Избркале уште 10-тина луѓе, а потоа почнала расправија, тепачка, конфликт со обезбедувањето. Потоа сите одеднаш почнаа да излегуваат од сплавот. Кога сите почнаа да се туркаат, сплавот почна да тоне, а мостот да пука. Сите почнаа да врескаат и да пливаат. Беше навистина морничаво – изјавил еден од очевидците.

Друг гостин од сплавот за „Блиц“ изјавил дека во еден момент обезбедувањето почнало да исфрла луѓе и дека поголема група од нив почнала да им се спротивставува, кога дошло до тепачката.

– Одеднаш, маса луѓе почна да се движи. Тие се симнуваа од сплавот, се туркаа, врескаа… Сите дојдоа до мостот што ги поврзува сплавот и брегот. Мостот почна да пука, сплавот тонеше, а сите што истрчаа од сплавот паднаа во водата – изјавило лицето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…