(Видео) Што вели законот? Ќе одговараат ли кривично полицајците што го апсеа Фуркан Салиу?!

t

Полицијата не смее да напаѓа новинар, доколку има насилство како на овој фудбалски натпревар има посебна процедура за обезбедување на настанот и посебна процедура за приведување на лицата кои прават проблеми, вели во вчерашното гостување во „Тешки муабети“ професорот и поранешен заменик-министер во МВР, Оливер Андонов.

– Како што можевме да видиме на некои снимки објавени по социјалните медиуми, таму имаше присуство на Единица за специјални намени. Тие единици не се ангажираат без одобрение на министерот, како и хеликоптерската единица, тоа се исти ранг на единици кои со исклучива наредба од министерот се одобрува нивен ангажман при јавни настани со јавен ризик. Тоа се единици за сузбивање на поголеми нарушувања на јавен ред и мир или четата за јавен ред и мир воопшто.

Е сега, на сите спортски настани, на сите јавни настани воопшто, како што се протести и слично, кај што постои зголемен ризик од нарушување на јавен ред и мир, полицијата употребува две до три камери, кои го следат настанот од повеќе агли. Значи не е возможно да полицијата нема документирано дека новинарот вршел напад врз полициски службеници, па и да е тоа удар со нога ниско долу да не се гледа и да е тоа обид, хипотетички, за убод со игла и слично.

Тоа е всушност полициска тактика. Зошто воопшто дошло до тепачка на настанот?

Требало уште во старт навивачките групи да бидат одвоени, кордон да има помеѓу нив, кордон да има од теренот до навивачите и се снима целиот настан, не се снима фудбалската утакмица. Утакмицата ќе си ја пренесува МТВ. Се снима публиката и штом се забележи некој дека прави проблеми, се фокусира камерата, го снима, влегува внатре екипа, го извлекува и го приведува лицето за да не предизвика понатамошни проблеми.

Луѓе со ознака дека е новинар не се чепкаат, објаснува Андонов.

Уредикот на Инфомакс, Александар Митовски, објасни дека началникот го замолил новинарот Салиу да ги смири двете страни, а проблемот настанал кога полицијата апсела друг човек со примена на сила, а новинарот е уапсен затоа што снимал на јавен простор и јавен настан.

– Го апсат со колено на врат, да не објавувам детали, ќе си објави Фуркан видео. Сега се создава еден наратив дека носел пиштол кај него, пиштолот не е најден кај него, поштолот, согласно записникот, е најден расклопен, со одвоен оквир, во ранец, во гепек на кола. Чување на оружје дома и во кола е де факто исто. И колата и домата се приватна сопственост којашто согласно Уставот се неприкосновени.

Во кола можеш да го носиш расклопен, дома можеш да го носиш како сакаш. Не смееш да го носиш на јавен простор, на јавни настани, по установи итн. И сега приказинте, носел шаржер полн, со 30 куршуми, значи пиштол со 30 куршуми не постои, тоа е автоматски „Шкорпион“. Овој пиштол е „Глог“.

За да ја прикријат глупоста што ја направиле, направиле уште поголема глупост, сега нема кој да им се потпише на записникот. Не може да го процесуираат, полициските службеници не сакаат да го потпишат, вели Митовски.

Согласно Правилник и начин за вршење на полициски работи, член 48, вели:

– Полицискиот службеник во присуство на одговорно лице врши преглед или претрес на
определени објекти, простории на државни органи, институции што вршат јавни
овластувања и други правни лица и врши увид во определена нивна документација
согласно закон.

Дополнително, ова го регулира и членот 50.

Значи, полицискиот службеник може да го прегледа вашето возило, во ваше присуство и тој не смее да чепка, објаснува Митовски.

А во продолжение, објаснување дека треба да се состави записник и да се обезбеди судски налог за претрес на лице, дом, друг објект во приватна сопстевност или возило.

Претрес не се прави без судски налог на барање на јавен обвинител!

– При апсењето на Фуркан, му испаднале клучевите од џеб, како што кажа. Му ги земале клучевите бесправно, без да го известат, фактички му ги украле клучевите, го уапсиле, го однеле и отпосле го отвориле неговото возило. Полицајците се однесувале како лопови, вели Митовски.

Поседувањето на оружје и чувањето во колата не е ниту кривично, ниту прекршочно дело, објаснува професорот Андонов.

– Сега ќе прашате дали имало оружје во колата? Имало. Но тоа не е ниту кривично, ниту прекршочно дело бидејќи според член 31 од Законот за оружје, вели дека:

Под носење на оружје, во смисла на овој закон, се сметаат сите начини на
носење на оружје што е подготвено за употреба, од страна на неговиот имател,
освен пренесување на оружјето.
Сопственикот или корисникот на оружје кога има право да го носи е должен
оружјето да го носи на начин што нема да ја загрозува личната сигурност и
сигурноста на другите.
Сопственикот или корисникот на оружјето е должен пренесувањето на оружјето
да го врши на начин што оружјето, ако технички е можно, мора да биде
расклопено, односно цевката да биде одвоена од механизмот за затворање, а ако
не е можно муницијата да биде одвоена од оружјето.
Забрането е носење и употреба на оружје од страна на сопственикот или
корисникот на оружјето, кој со употреба на алкохол, дроги или друг начин ќе се
доведе во состојба во која не може да го сфати значењето на своето дело или да
управува со своите постапки.

Во Законот е ИЗРЕЧНО наведено дека под јавен простор не се смета превозното средство! – објаснува Андонов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР со детали за трагедијата во Стајковци:…

Денеска во 12.30 во СВР Скопје било…

Уапсени се 15 лица на грчкиот остров…

Грчката полиција денеска уапси 15 лица во…

Апсење во Куманово: Пронајдени кокаин и канабис

На 10.05.2024 во 19.30 часот во Куманово…

(ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО) АПСЕЊЕ ВО КОЧАНИ! Ова се…

Денеска во Кочани од страна на полициски…

Никогаш да не се заборави – Бојмацалиев…

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко…