(Видео) Јакимовски: Драги мои сограѓани, две работи ве молам, немојте да останете дома, излезете на гласање и немојте да гласате против, туку гласајте за оној кој сметате дека треба да ви ја води државата

t

Драги мои сограѓани, две работи ве молам, немојте да останете дома, излезете на гласање и немојте да гласате против, туку гласајте за. Гласајте за оној кој сметате дека треба да ви ја води државата во следните пет години. Ако гласате за инает ќе се каете.

Она што народот го мисли јас го кажувам, преку мене зборува народот. Тоа што народот го бара, тоа и ќе се прави кога ќе бидам претседател. Јас ги повикувам граѓаните да го дадат гласот за мене, а потоа јас ќе бидам нивниот глас. Имам знаење, искуство, доволно години зад себе, имам доволно храброст и од ништо нема да се уплашам ако треба да се бранат интересите на сите граѓани на Репубалика Македонија. Нема поданичка политика, тоа што ќе ни одговара на нас, тоа ќе се прави, нема сервилност кон никого!

Мора да престанеме со поданичката полиитка, тоа е мојата понуда до граѓаните на Република Македонија и претседателот не може да се крие само зад уставните ограничувања, туку мора да се грижи и како му живее народот.
Бугари во Устав ќе влезат тогаш кога ќе се расчистат прашањата за јазикот, идентитетот и македонските херои.

Јас немам проблем да ги помилувам лицата осудени за 27 април, а правда треба да има за сите граѓани, вклучително и за поранешниот премиер Груевски. Секој македонски граѓанин треба да добие шанса за фер судење во Македонија и да си докаже пред македонските органи дали е виновен или не.

https://www.facebook.com/jakimovskis/videos/349118631503300

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска: Размислувам да се кандидирам за претседател…

Се уште актуелната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, во…

Утре продолжува судењето против поранешните водачи на…

Судењето на четворицата поранешни лидери на ОВК,…

Колумна на Коѕијас: Зошто е важен Договорот…

Договорот од Преспа храбро го отплетка она…

Цената на златото достигна ново рекордно високо…

Светската цена на златото повторно порасна на…

Бог да чува: Син им се заканувал…

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против…