(Видео) „Љетив на кров“ – Сообраќајна несреќа во Тетово

t

Дваесет и двегодишно момче е повредено откако со возило се преврте во центарот на Тетово денеска околу 14 часот и 45 минути. Тој се движел по булеварот „Илинденска“ и се превртел пред кружниот тек кај плоштадот.

– Околу 14 часот и 45 минути движејќи се со патничкото моторно возило „опел корса“ со тетовски регистерски таблички кое го управувал 22-годишниот С.Р, изгубил контрола, излетал од коловозна лента и се превртел на покривот од возилото. Возачот кој бил сам во возилото, добил повреди и бил однесен во Клиничка болница – Тетово за укажување на лекарска помош – изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Екипи на СВР Тетово вршат увид на местото на незгодата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Чудна светлина се појави над Белгород…

Над Белогорд се појави чудна светлина. На…

Белата куќа потврди: Бајден планира да се…

Белата куќа ја потврди намерата на американскиот…

Албански државјанин избоден во Кичево!

Вчера во 23.07 часот во ОВР Кичево…

Словенија дозволи склучување на истополови бракови и…

Словенечкиот парламент на денешната седница го усвои…