(Видео) 62 бели балони за загинатите во Кочани со порака „Никогаш нема да ве заборавиме“
100 дена од најголемата трагедија во современа Македонија во Кочани се одбележаа со 62 балони за младите луѓе кои загинаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
„Ние сме децата што преживеавме една ноќ што никогаш нема да ја заборавиме. Ноќта кога небото се замрачи и срцата ни се распаднаа. Ноќта кога изгубивме 62 наши браќа и сестри, другари, пријатели, делови од нашите души. Денес не стоиме овде како жртви, туку како сведоци. Сведоци на една болка што не поминува, но и на една љубов што никогаш нема да згасне. За вас, нашите ангели – ви праќаме опрост. Опрост што не можевме да ве спасиме. Опрост што продолживме да живееме, додека вие останавте млади засекогаш. Но, и ветување – дека никогаш нема да ве заборавиме. Вашите имиња се врежани во нашите срца. Вашите насмевки се нашето светло. Вашиот спомен е нашата сила. Ќе живееме за вас. Ќе зборуваме за вас. Ќе се бориме за вистината и за правда – во ваше име. Почивајте во мир, мили наши. Секогаш ќе бидете со нас – во секоја солза, во секој здив, во секој чекор“, пишува Златев во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
54-годишен маж ја нападнал сопствената мајка
На 24.08.2026 во 23:55 часот во радовишко…
ФЗО: Од утре лекот Myfortic без доплата
Пациентите со трансплантирани органи од утре ќе…
Тригодишно девојче тешко повредено во лифт во…
МВР информира дека синоќа во 20:00 часот…
ЕУ испраќа претставници во Кина за да…
Група претставници на ЕУ во наредните денови…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…