(Видео) Cyдири меѓу демонcтpaнтите и полицијата: Повpeдени осум полицајци во протecтите против ковид сертификат во Бугарија

t

Осум бугарски полицајци се повредени во протестите пред Парламентот во Софија организирани од парламентарната партија Преродба против воведување зелен сертификат.

Полицајците како што јави БТА се примени во Воената болница во Софија.

Централниот влез на бугарското Националното собрание во Софија е блокиран одвнатре со маси, откако демонстрантите се обидоа да влезат во зградата.

Лидерот на партијата Преродба, Костадин Костадинов не е на протестот, но во видео обраќање ги повика демонстрантите да влзат во зградта на Парламентот. И пратениците од партијата, кои се внатре во Народното собрание, ги повикуваат обезбедувањето да ги пуштат демонстрантите во парламентот.

Собраниската седница веќе заврши, во зградата се уште има пратеници и новинари, и откажани се комисиските состаноци.

https://t.me/sputniksrbija/8787

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…

Република Северна Македонија е силно посветена на…

(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…

Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…