(ВИРАЛНО ВИДЕО) Холивудската актерка Клоуз: „Пред дождот“ не ми излегува од глава, Македонија е многу стара земја!

Холивудската актерка Глен Клоуз го избра филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, во промотивно видео пред оскаровската церемонија во кое на филмски уметници им се поставува прашањето кој филм ги инспирирал да посакаат да патуваат во некоја земја. Во 1.51 минута од видеото Клоуз го избира токму македонскиот филм, кој беше номиниран за „Оскар“ за странски филм во 1994.
„Има филм што е насловен ‘Пред дождот’ и е снимен во Македонија и јасно е дека тоа е многу стара земја и дека многу работи се имаат случено таму и некако, тој филм не ми излегува од мислите“ – рече холивудската актерка.
Филмот „Пред дождот“ годинава одбележува 30 години откако излезе во 1994 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…