Објавено на:

Вистинска зимска идила: Вечерва врне снег без престан во повеќе делови од земјата

t

Во овие моменти дожд и снег врне низ целата држава. Додека на пониските места во земјава имаме дожд, на повисоките е забележано снег. Во овие моменти снег врне на Попова Шапка, додека слична е ситуацијата и на сите повисоки врвови низ Македонија.
Времето утре ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.

Во петок за време на дочекот на Новата година времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро време, по одделни котлини со појава на магла.

На првиот ден од Новата година времето ќе биде претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот претежно сончево, на североистокот со умерена облачност.

Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието на места засилен ветер од северозападен правец.

Во недела времето ќе биде претпладне по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снежна бајка: 26 сантиметри снег на Попова…

Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во…

Од денеска снег во Киев, а градот…

Во Киев од денеска се очекува обилен…

(Фото) Почнува зимската бајка: Падна првиот снег…

Падна првиот снег за оваа сезона на…

Шар Планина во бело: Падна првиот снег…

Падна првиот снег во Македонија и тоа…

Се очекува првиот снег во Македонија: Минусни…

Утрово на Попова Шапка и во Лазарополе…