ВИСТИНСКИ ХАОС: Луѓе заробени под урнатините бараат помош на „Твитер“

t

Граѓаните на Турција, кои останаа заробени во урнатините по разорниот земјотрес што синоќа го погоди југот на земјата, почнаа да објавуваат статуси и фотографии на социјалните мрежи барајќи помош од спасувачите.

„Спаси ме, јас сум по урнатините“, „Спасете ме, ве молам“, пишуваат бројни статуси кои кружат на „Твитер“, а корисниците во коментарите се обидуваат да добијат објаснување каде се наоѓа објектот во кој тие се затрупани.

Разорниот земјотрес однесе повеќе од 1000 животи во Турција и Сирија. Неколку илјади луѓе се повредени, а според последните информации во двете земји се урнале над 2.000 згради.

Спасувачките екипи се на терен и со часови од урнатините ги извлекуваат повредените и телата на загинатите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…

Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…

(Видео) Мицкоски: ЕУ останува стратешка определба, ставот…

Премиерот Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со…

ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…

„Во куќата на Зоран Заев во Грција…

„Фемицидот мора да се спречи пред да…

Мирен протест со пораката „Стоп за фемицидот“…

Студентската листа ја освои Србија, сега отвора…

Претставници на Студентската листа, која победи на…