Владата ги обвини родителите на починатите од Кочани дека биле политички инструирани

Владата денеска ги обвини родителите од Кочани дека се политички инструирани, откако родителите вчера повторно бараа правда за своите најмили кои ги загубија во трагедијата во Кочани на 16 март годинава.
– Во целост ја разбираме како Влада нивната болка, но од друга страна пак јас морам да кажам дека за жал слушнав и лични напади кои политички структури имаат за цел да ги искористат во некоја политичка позадина. Навистина жалам што некои политички структури имаат традиција на некрофилија, рече портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција во Владата.
Родителите вчера побараа правда за нивните деца и побараа и оставки од функционерите, меѓу кои и претседателот на Владата Мицкоски и претседателот на државата, Сиљановска Давкова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…
Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
Кочани ни е во фокусот, вели новиот…
Министерот најави амбициозен план за реформи во…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
„Деко се криел во скривница додека децата…
Газда Деко се криел доле во скривница…