Владата конечно призна дека е надлежна за обезбедување на толинска енергија за скопјани

t

Владата која 5 месеци не донесе мерки за справување со енергетската криза и се обидуваше да ја префрли одговорноста во однос на обезбедувањето на сигурност за снабдување со топлинска енергија за 54.000 домаќинства во Скопје, вечерва со носење на само една уредба го реши проблемот со студот кој скопјани го чувствуваа секојдневно изминатите денови.
Ваквата одлука на Владата да обезбеди топлинска енергија преку ЕСМ само го потврдува фактот дека сепак надлежноста е кај Владата и дека можело да се реши за еден ден.

Вечерва Фатмир Битиќи и Крешник Бектеши го соопштија планот преку кој скопјани ќе имаат топлинска енергија, односно парно во домовите до крајот на грејната сезона. После неколку недели преписки и неосновани препукувања, Битиќи и Бектеши се побија самите себеси и признаваат дека сепак Владата е таа која што мора да го реши проблемот на 54.000 домаќинства.

Проблемот со топлинската енергија најверојатно веќе од утре ќе почне да се решава, но извесен период скопјани смрзнуваа единствено поради суетите на поединци од Владата и СДСМ, на кои политикантството им е поважно од одговорноста да ги решаваат проблемите на граѓаните, реагираат граѓаните на социјалните медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанушев од пред четири години: Владата ќе…

Владата ќе троши 20 милиони денари за…

Меџити повторно пуши во Влада: Никој не…

Вицепремиерот Изет Меџити повторно неуспешно се обидува…

Нема Влада во Бугарија ни со вториот…

Веднаш ќе го вратиме мандатот на претседателот…

(Видео) За лошата состојба со пожарите да…

Состојбата со пожарите низ државата е алармантна…

(Документи) Има ли „маж“ во ОЈО кој…

Треба талент да имаш... Како со професорска…