Владата организираше ифтарска вечера – Мицкоски: Почитта и соживотот се темелот на нашето општество
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва беше домаќин на ифтарска вечера организирана во име на Владата, настан кој го оцени како симбол на заедништвото и меѓусебната почит во државата.
Преку објава на социјалните мрежи, премиерот сподели дека вечерта поминала во топла атмосфера, исполнета со разговор и потврда на вредностите кои го поврзуваат македонското општество.
„Почитта и соживотот се темел на нашето општество. Ваквите средби нè потсетуваат дека различностите се наша сила, а меѓусебната поддршка е патот кон посилна и пообединета заедница“, истакна Мицкоски.
Тој упати и честитка до сите верници кои го одбележуваат месецот на постот, посакувајќи им мир, здравје и благословени денови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од половина од албанските семејства не…
Повеќе од половина од семејствата во Албанија…
Дополнителна дезинсекција во Битола против комарци поради…
Општина Битола ќе спроведе дополнителна, вонредна дезинсекција…
Не е Софија: Друг бугарски град ќе…
Бургас ќе биде домаќин на „Евровизија“ в…
Пронајден починат директорот на Алсат телевизија
Утрово телото на Лирим Хајредини е пронајдено…
15-годишната Кристина од Охрид пријавена за исчезната,…
15-годишната Кристина од Охрид е пријавена за…